Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, се издадени 19 одобренија за градба во Охрид од кои 14 одобренија на приватно лице како инвеститор, а 5 на деловен субјект. Предвидена е изградба на 150 станови со вкупна корисна површина од 10460м2.
Во јануари 2024 во Струга не е издадено ниту едно одобрение за градба.
Во извештајниот период на ниво на државата издаени се вкупно 256 одобренија за градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари, што е за 41.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (18.8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16.4 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 м2
.