Во јануари Македонија ја посетиле над 47 илјади туристи, најбројни од Турција и Србија
Во јануари годинава во Македoнија се евидентирани 47.761 турист, од кои 40.4 се домашни, а 59.6 отсто се странски, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48.4 проценти се од домашните туристи, a 51.6 отсто од странските туристи. Во наведениот период, Македонија ја посетиле над 5.500 Турци, над 3.000 Срби и Грци и повеќе од 2.500 гости од Албанија. Регистрирани се и 1.810 бугарски туристи, како и 1.507 од Косово.
Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10.1 проценти, a бројот на ноќевањата за 15.2 отсто. Бројот на домашните туристи во јануари 2024 бележи раст од 3, а на странските од 15.5 проценти.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 11.5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.8 отсто.