Левица поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во Охрид
Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од Охрид, стои во образложението поднесено од советничката Виолета Аврамоска од Левица – Охрид.
На 12.03.2024 година, членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во градот Охрид.
,,Економската состојба во Република Македонијa и во Охрид, придонесе видно да се влоши финансиската состојба на пензионерите. Со малите пензии одвај преживуваат и се без услови за пристоен живот. Бесплатниот автобуски превоз во голема мера би им го олеснил нивниот живот и би ги намалил нивните секојдневни давачки. Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од Охрид” – стои во образложението поднесено од советничката од Левица – Охрид.


