Skip to main content

Совет на Општина Охрид

Во Буџетот за 2023 година со најголема реализација се субвенциите, капиталните проекти се одложуваат

Градските советници на денешната седница ги разгледуваа извештаите за успешноста на општината во реализацијата на програмите за 2023 година. Доминираат субвенциите кон јавните претпријатија со најголема реализација, се асфалтираат улички, а од ветените капитални проекти и понатаму нема ништо, критикува опозицијата. Опозицијата мора да прифати дека општината е конечно раздолжена и во иднина ќе бидат реализирани ветените капитални проекти, вели секретарот на општината.При тоа псоочува дека локалната власт се соочувала со опструкции од централната власт за катната гаража и плоштадот Крушевска република.
 |  Маја Савиќ  | 

До ден денес  локалната власт нема реализирано ниту еден поголем капитален проект којшто го имаше ветено  пред граѓаните, пракса на оваа локалната власт е  капиталните проекти планирани за тековната буџетска година на крајот да се поместат во развојните програми, критикува опозицијата во Советот кој денеска ги разгледуваше извештаите за реализацијата на програмите за 2023 година. И во буџетот за 2023 година  со најголема реализација се субвенциите, трансферите и донациите, а недостигаат капиталните проекти, истакна координаторката на советничката група на СДСМ, Живка Ангелоска посочувајчи дека најголемиот издаток кој го има годинава Општината се субвенциите за ЈП кои во 2023 година се рекордни 41 милион денари.

“Преовладуваат асфалтирања на мали улици , субвенционирања , па и средствата во програмите за основно и средно образование се од дотации. Во основно образование оваа година буквално потрошени се средства за одржување и нормално функционирање меѓутоа не и големи средства за осовременување.“ – кажа Живка Ангелоска – координатор на СДСМ Охрид.

Нема релевнатни показатели за  успешноста на општината во реализација на Буџетот за 2023 год затоа што истиот од една страна претрпе низа ребаланси  низ кои беа отстранети сите поголеми капитални проекти,  а од друга страна  во 90%од програмите се содржани средства кои се запленети од сметката на општината врз основа на извршни решенија  при што во голем дел не е транспарентно наведено за колкави износи се работи, вели Ангелоска.

„Во програмите од комуналната област дури самите изготвувачи навеле дека имаат проблем во однос на реализацијата на поголемите капитални проекти поради недостиг на средства односно поради заплената на средствата не можат да реализираат јавни набавки и како втор проблем  оние економски оператори кои ги избираат не можат да ги извршат своите задачи поради недостиг на човечки ресурси.“ – кажа Ангелоска.

Оние проекти пак кои се во тек се одвиваат премногу бавно, истакна Ангелоска при што како пример ги посочи тротоарот на ул „Димитар Влахов“  на кој се работеше само во екот на сезонат и дворот на Гимназијата.

Опозицијата мора да го прифати фактот дека сметката  на Општина Охрид после неколку децении конечно е одблокирана со домаќинско работење, вели секретарот на Општината Александар Китески потенцирајќи дека  во идниот период многу полесно ќе може да се реализираат проекти кои градоначалникот ги ветил пред охриѓани во предизборната програма. Китески додаде дека за некои од големите проекти како Катната гаража и Реконструкција на плоштадот Крушевска република Општината се соочува со опструкции oд централната власт во форма на низа забелешки на проектите.

 „Во однос на капиталните проекти, тие секогаш напаѓаат дека тоа што било ветено како капитален проект не сме успеале да го исполниме. Во неколку наврати имам потенцирано кои се причините за тоа. Двата проекти плоштадот „Крушевска Република“ и Катната гардажа две години наназад и покрај изработен проект и поднесеното барање, со оглед дека тука беа и Министерството за транспорт и врски, и Комисијата за УНЕСКО и Министерството за култура и покрај сите заблешеки кои како ги остранувавме имаше нови и тоа оди до ден денес до недоглед. Тие продолжуваат со таквите кочници, тоа ќе е до 8 мај и потоа нема да можат, и конечно Охрид и охриѓани ќе добијат тоа што треба, тоа што го имаме ветено.“ – вели секретарот Китески.

Не може опозицијата во Советот да негира дека остварувањето на вкупниот буџетот  на општината за 2023 год изнесува 116%, а на основниот 138% и тоа се должи на зголемувањето на приходите на општината  во споредба со предходната година за 59%, дури и без средствата добиени со аплицирање на проекти  од централната власт, 95 милиони денари, во тој случај имаме зголемување на остварувањето на приходите во споредба со 2022 година за 44%, посочи Китески.

„Тоа може да се види од салдото на сметката на Општина Охрид, каде од минатата година се префрлени 192 милиони денари на конто за следната 2024 година. И токму тие средства ни беа потребни, покрај тековните обврски кои требаше да ги измириме према добавувачите, а бевме стопирани поради присилните извршувања со кои ни беа нападнати сите програми. Оттакко се тргна блокадата од страна на Министерството за финасии, која требаше да биде отстранета уште пред две години кога беше донесен Законот, покрај за тековните обврски овие средства ги искористивме и за целосно одблокирање на сметката на Општина Охрид. “ – објаснува Китески.

За прокетите кои се во тек  како улиците  „7-ми Номеври“, „Гоце Делчев“ со сите договори има рокови кои треба да се почитуваат, посочува секретарот Китески. Додава дека  треба да отпочне со градба спортската сала во село Лескоец, а закажана е аукција за втората постапка за реконструкција на касарната за изградба на ОУ „Кочо Рацин“.