Општина Охрид
Привршува изведбата на водоводна линија во Рача
Поставен е цевковод од полиетиленски материјал со профил ф90 мм во должина од 386 метри.
Во завршна фаза се активностите за изведбата на новата водоводна линија во населбата Рача, информираат од локалната самоуправа.
Со овој зафат се обезбедува навремено и квалитетно водоснабдување на жителите и за таа цел поставен е цевковод од полиетиленски материјал со профил ф90 мм во должина од 386 метри, велат од локалната.


