Во музејот во Охрид се чува најголемата колекција на книги на холандскиот писател А ден Долард
Комплетната библиографија и најголемата колекција на книги на холандскиот писател А Ден Долард се чува во музејот посветен на авторот, сместен во срцето на Охрид. Долард е човекот кој се смета за виновник во позитивна смисла на зборот за големиот број холандски туристи во Охрид.
Градот го прославил со книгата „Свадба на седумте цигани“ напишана во 1939 година, во која вели Охрид е место кое мора да се посети. Авторот една деценија од животот го минал токму во Охрид.
„Приказната почнува во 1939 година кога тој ја пишува книгата свадбата на седумте цигани. Приказната во кратки црти е Ромео и Јулија приказна која што се случува во Охрид. Меѓутоа покрај приказната е интересна и романтична низ книгата тој низ свое искуство ги објаснува улиците, луѓето, културата градот државата и останува тука да живее десет години. На некој начин тој е амбасадор на нашата држава, на нашето богатство, на нашето живеење. Низ книгата ја објаснува македонија и во четириесеттите години кога книгата станува бест селер во Холандија нашата земја станува на радарот на Холандија и останува една од најомилените дестинации се до ден денес”, вели Крсте Пурцов сопственик на Музејот на А ден Долард.
Во мини музејот колекцијата е собирана од 2011 година, денес тука се чуваат и лични работи на пистаелот, машината за пишување стара повеќе од седум децении, неговиот телефон, лични писма и лулињата.
„Ја имаме комплетната библиографија на писателот, и моментално е најголемата колекција на книги пд овој писател во светот. Колекцијата е започната да се собира од 2011 година меѓутоа холандските посетители толку многу им се допаднала идејата што низ годините се повеќе како што доаѓале и го посетувале Охрид ни носеле книги кои што ги оставале тука и ги донирале. Во 2021 година откако ја собираме комплетната библиографија таа колекција на книги станува мини музеј за холандскиот писател и вот екот на летниот период сме отворени секој ден и доаѓаат голем број холанѓани кои не посетуваат, доаѓаат групи, индивидуалци, пријатели стекнати низ годините, амбасадори, роднини на писателот и неговата фамилија” , додава Пурцов.
Ова мало музејско катче посветено на Корнелиус Боб Спелстра, познат под псевдонимот А. ден Долард денес . е најпосетено од страна на холандските туристи Изминатиот месец во февруари годинава се навршија 123 години од раѓаето на најплодниот холандски писател, човекот вљубеник и промотор на Охрид.
Новинар Соња Рилковска