Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-Фаза 2, кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започнува со изработка на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година. За таа цел е предвидено одржување на работилница за подготовка на SWOT анализа за потребите на интегрираниот локален развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година, работилницата ќе ја водат претставниците на SEG Holding.
Вашето присуство на работилницата е многу значајно за успешноста на изработката на SWOT анализата (и запознавање со ресурсите на општината) како и за квалитетна изработка на ИЛРП (интегриран локален развоен план), велат од општината.
Работилницата ќе се одржи на 20.03.2024 (среда) со почеток во 10:00 часот, во салата на советот на општина Дебрца с, Белчишта.