Skip to main content

Државна изборна комисија

Скоро 18 000 лица направиле увид во избирачкиот список

Од ДИК апелираат граѓаните да се проверат во избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до 18 март.
 |  инфодеск  | 

4527 лица направиле увид на своите податоци во избирачкиот список заклучно со 13.03.2024 во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. 7 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 13 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 5 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список, информира Државната изборна комисија.

Преку електронски пат заклучно со 13.03.2024, се провериле вкупно 13056 граѓани. Поднесени се 24 барања за промена на податоци, 5 барања за бришење на податоци и 9 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, од ДИК информираат дека досега се пристигнати вкупно 1288 пријави од кои 887 се прифатени, 137 се одбиени и 264 необработени пријави. Овие податоци се јавно достапни на веб страната www.dijaspora.sec.mk.

Потсетуваат дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци од страна на граѓаните ќе може да се направи најдоцна до 18 март 2024 година, 24 часот.

Од ДИК апелираат граѓаните да се проверат во избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.