Пристигнаа вакцини за возрасни против голема кашлица
Вакцините против пертусис (голема кашлица) за возрасни се пристигнати во државава и заинтересираните уште од денеска можат да примат ревакцина во вакциналните пунктови, информираше денеска министерот за здравство Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Скопје по повод одбележување на Денот на крводарителството.
– Вакцините се стигнати и веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба од таков вид ревакцина, изјави министерот за здравство, Демири.
Комисијата за заразни болести препорача вакцина против пертусис, (која не е задолжителна за возрасни) да примат лица кои во семејството имаат дете до 1 година, здравствени работници кои доаѓаат во контакт со деца на таа возраст и трудници во третиот семестар од бременоста.