Skip to main content

Дефицит на пилоти

Центар за обука за пилоти. Тоа е спас за решавање на проблемот со дефицитот на пилоти во АРМ.

 |  Николоска Биљана  | 
piloti
пилоти

Центар за обука за пилоти. Тоа е спас за решавање на проблемот со дефицитот на пилоти во АРМ.

helikopterВаков е ставот на Налчалникот на Генреал Штабот на АРМ Мирослав Стојановски. Во Р. Македонија во редовите на АРМ овој проблем веќе е евидентен, иако постои единица во кој што состав функционира воздухопловниот винк. Началникот на Генерал Штабот на АРМ Мирослав Стојановски, кој вчера беше во посета на Охрид по повод враќањето на војниците од Авганистан, потврди дека е присутна ваквата состојба. Рече, дека тоа е така од причина што обуката на ваквиот кадар бара посебни вештини, знаења, способности и повеќе време за оспособување.
На новинарско прашање дали во Македонија има капацитет на луѓе кои ќе ги обучуваат идните пилоти, Стојановски со одговор.
„Дека има потреба од поголем број пилоти од различен профил, ние во рамките на армијата и она што го имамае во државата како капацитет мислам дека со помош и на партнерите ќе обезбедиме квалитетна и успешна обука на кандидатите за пилоти и во наредниот период нема да имаме проблем со тоа“.
Центарот за обука на пилоти планирано е да биде промовиран на регионално ниво рече Стојаноски. Тој појасна дека инвестицијата за центарот нема да биде само за потребите на нашите пилоти туку и за армиите од земјите во регионот и за сите останати кои ќе бидат заинтересирани.
Останува да покаже времето, уште колку треба за реализација на вака голем зафат, бидејќи според моменталната состојба во АРМ каде има многу нерешени работи, вклучувајќи ги тука и протестите на професионалните војници, по се изгеда ќе треба уште многу да причекаме.

{loadposition content}