Ставен е на увид и јавна расправа Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027).
Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk почнувајќи од 15.03.2024 год. до 14.04.2024 год.
Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 05.04.2024г. во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил: zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027).