Skip to main content

Народен театар Охрид

Комедијата „Несфатената цивилизација“ на 27-ми март по повод Денот на театарот

Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Без резерваци!
 |  инфодеск  | 
Несфатената цивилизација

По повод светскиот ден на Театарот на репертоарот на Народен театар Охрид е претставата НЕСФАТЕНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА од Добри Војников, во среда, на 27-ми март со почеток во 20:00 часот.

Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот, претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Без резерваци!