СВР Охрид
Притвор за едно од лицата кои се сомничат дека го предизвикале пожарот во кафе бар во Охрид
Лицето е префрлено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, информира портпаролотна СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.У.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
-На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка” во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, информира портпаролотна СВР Охрид, Стефан Димоски.


