Филмот за Џеј Рамадановски „Недела“ на 29-ти март во Центар за култура Охрид
На кино репертоарот во ЦК „Григор Прличев“ следнава недела долго очекуваниот филм „Недела“ за Џеј Рамадановски, во ПЕТОК, 29-ти март 2024 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 150 денари!
Содржина: Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на просторот на поранешна Југославија, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.
Режија: Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ
Улоги: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски
Времетраење: 130 минути
Земја: Србија
Жанр: Драма
Карти во продажба на билетара по цена од 150 денари од понеделник 25-ти март 2024 година!