Skip to main content

Трагедија на ОИ: Грузијски санкач загина на најбрзата патека на светот

Грузијскиот санкач Нодар Кумариташвили беше пренесен во болница откако со брзина од 144км/час удри во заштитната ограда за време на тренингот во Whistler пред почетокот на ЗОИ. За жал им подлегна на повредите.

 |  Маја Савиќ  | 
Nodar Kumaritashvili
Нодар Кумариташвили

oi, nesrekaГрузијскиот санкач Нодар Кумариташвили беше пренесен во болница откако со брзина од 144км/час удри во заштитната ограда за време на тренингот во Whistler пред почетокот на ЗОИ. За жал им подлегна на повредите.

Брзата помош му даде вештачко дишење и масажа на срцето на самото место на несреќата а потоа со хиликоптер беше префрлен во болница. Тренингот беше прекинат а грузијскиот спортист почина од здобиените повреди на главата.


Санкачката патека во Ванкувер се смета за најбрза на светот, а некои олимпијци и пред оваа несреќа ја доведуваа во прашање нејзината сигурност бидејќи повеќе од десет спортисти излетаа од неа во досегашните тренинзи.


И покрај трагедијата во која Нодар Кумариташвили го загуби животот, олимписките натпреварувања ќе продолжат според редоследот и веќе во сабота и недела мажите ќе се борат за медали.


Истрагата која ја спровеле судијата од Британска Колумбија, канадската полиција и Меѓународната санкачка федерација покажала дека до несреќата дошло поради грешка на Кумариташвили. Но и покрај тоа, Меѓународната санкачка федерација побара од организаторите пред саботното натпреварување да ја повиши заштитната ограда во задниот дел на патеката.
{loadposition content}