Skip to main content

АРМ

Утре во Охрид изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила на АРМ

Припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект.
 |  инфодеск  | 
Арм

На Градскиот плоштад во Охрид, припадници на Армијата на Република Макеонија, утре, во периодот од 09:00 до 18:00 часот ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.

Во рамките на оваа активност, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект.

– Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата. Сите активности во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција). Со оваа активност, Армијата на Република Македонија ја одбележува 75 годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4 годишнината од членството во НАТО сојузот, информираат организаторите.

Тие апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.