Skip to main content

УХМР

Променливо облачно време со услови за локален дожд 

Максималната температура ќе се искачи до 13 степени.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за локални врнежи од дожд претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13 степени.

– До четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер. Од среда насекаде дневните температури ќе бидат позитивни, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.

фото: Ѓоко Симјаноски