Skip to main content

Село Куратица

Куратица ќе добие Дом на култура

Од Месната заедница го објавија почетокот на проектот за зачувување и промоција на колективната меморија – сеќавањето на луѓето од селото Куратица.
 |  инфодеск  | 

Во селото Куратица во тек е реконструкција и адаптација на објект за Селски културен дом. Од Месната заедница го објавија почетокот на проектот за зачувување и промоција на колективната меморија – сеќавањето на луѓето од селото Куратица.

„Продолжуваме со значајни проекти од интерес на целокупната заедница и нашите идни поколенија. Проектот за реконструкција на Домот на Култура во село Куратица како еден од најзначајните културни проекти за заедницата, ни овозможува да продолжиме со активностите кои се дел од собирање на културното – историско наследство на генерациите од селото Куратица.“ – велат од Месната заедница од с. Куратица.

Тим предводен од Месната Заедница ќе работи на собирање документација, кратки раскази, животни приказни, пишани и усно пренесувани спомени и преданија, семејни стебла, улични игри, традиционални обичаи, фотографии, филмски записи поврзани со историјата и меморијата на минатите и сегашни поколенија од ова охридско село.