Skip to main content

Архив

Со документарна изложба на 1-ви Април во Охрид ќе се одбележи Денот на Државниот Архив

Поканети се сите љубители на раритетни и несекојдневни документи од Охрид.
 |  инфодеск  | 

1 Април – Денот на Државниот Архив, Подрачното одделение Охрид ќе го одбележи со документарна изложба: „Промотивен материјал од прикажани проекции на филмови во кино Охридско езеро за период 1939 – 1941 година“.

„На оваа изложба охриѓани а и сите посетители на нашиот убав град Охрид ќе имаат можност да се запознаат со рекламниот материјал (плакати) од филмската продукција на познати светски класици од фондот на Никола Герман.“- информира директорот на Подрачното одделение на Државен Архив – Охрид, Никола Митровиќ Бабе.

Урбаната изложба ќе биде поставена на мини плоштад кај „Мини маркет“ – Охрид на 01-ви и 02-ри април 2024 година со времетраење од 10.00 до 15:00 часот.

Поканети се сите љубители на раритетни и несекојдневни документи од Охрид.