На 24.03.2024 во 19.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на површина со нискостеблеста вегетација во близина на струшкото село Калишта настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
-Тој, на 17.02.2024 на улицата „Серафим Китаноски” во Охрид со запалива течност предизвикал пожар на паркирано патничко моторно возило „дачија дастер” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Шумска полиција – Охрид, информираат од СВР Охрид.