Утре во Охрид пристигнува реактивната мисија на УНЕСКО, соопшти министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за „Слободен печат”.
Мисијата беше најавена уште во септември минатата година кога Македонија доби Извештај дека Охридскиот регион го задржува статусот на заштитено светско природно и културно наследство под Унеско. Министерката посочи дека чекорите кои беа обврска се преземени. „Првата беше да поднесеме нов ревидиран план за заштита на охридскиот регион, што е направено. Второто беше да донесеме нови измени во законот за заштита и управување на старото градско јадро на Охрид, што е веќе во собраниска процедура” кажа министерката.
извор: Слободен Печат ; фото: архива TVM