Десеттина струшки села без струја
Скоро два месеци некогаш и по 15 часа на ден без електрична енергија се жителите од десетина струшки села. Тие се револтирани затоа што го имаат овој проблем иако редовно ги плаќаат сметките за струја.
Скоро два месеци некогаш и по 15 часа на ден без електрична енергија се жителите од десетина струшки села. Тие се револтирани затоа што го имаат овој проблем иако редовно ги плаќаат сметките за струја.
Раскажуваат дека на температура од минус неколку степени надвор, внатре се смрзнуваат. Се жалат дека и апаратите за домаќинство им се расипуваат поради честите прекини на електрично напојување.
„Во 21 век кај нас се е можно па дури и да нема струја“, велат жителите на Делогожда.
„Не само што немаме струја , туку и онаа струја што ја имаме е многу слаба.До каде ке оди оваа работа стварно незнам. Кој ке ни ги плати тие апарати што ни се расипаа? Не можеме да ги осигураме самите кога примаме социјална помош“, се жали жител на Делогожда.
И 350 те ученици од oсновното училиште “Нури Мазари” затекнати со проблемот. Во училиштето или се одржува скратена или воопшто не се одржува настава.
„ Не може да се одвива наставата затоа што нашето училиште се загрева на парно греење кое работи на струја.Побаравме од ЕВН да дојдат на увид и да видат дека ни се оштетени два фотокопири и три комјутери“, вели директорот на ОУ “Нури Мазари”.
Од ЕВН информираат дека се добро запознаени со проблeмот со кој се соочуваат жителите на Делогожда. Велат дека лошото време и снегот се причина поради која е уништен далноводот во селото. Најавуваат продолжување на акцијата за замена на 100 дрвени столбови со нови метални.
{loadposition content}