Данче Наумоска ја продолжува традицијата на бакарџискиот занает
Во време кога занаетите изумираат, влеваат надеж оние кои ја продолжуваат традицијата. Наследниците кои го унапредуваат семејниот занает. Таков е примерот на Данче Наумоска , таа е единствената жена бакарџија во Охрид. Занаетот го учела од татко и, кој цел живот бил казанџија, но и се уште и помага во работилницита.
За разлика од минатото кога се изработувале казани и садови, таа денес со своите вешти раце и креативност занаетот го претвори во уметност. Од бакар прави реплики на златната маска и ракавица, но и други автентични производи со охридски мотиви.
Вели, доколку човек во професијата се вложи со труд и љубов успехот е загарнтиран.
„За заработувачката не можам да се пожалам, мораме со позитивна мисла како мислиме така ни се остварува Јас имам среќа што сум во Охрид и и имам потрошувачка меѓутоа во денешно време има и други алатки како што е технологијата доста развиена може да се продава и онлајнКо ќе се посвети човек на некоја работа и кога ја работи со срце секако дека ќе има успех. Исто така имам среќа што имам и поддршка од семејството“, Данче Наумоска – бакарџија.
Уште како дете била калфа во работилницита на татко и, но пред24 години одлучила да внесе новитети во занаетот. Занаетите се ракотворби и уметност, тие може да се економски двигател, но и промотор на културата на една земја.
„Ја терам 24 та година од работата без да ги рачунам деновите кога бев помошник кај татко ми. Тој правеше казани, тепсии и тави а јас бев главен чирак. Почнав прво за себе па нешто да подарувам па почнав и да продавам така се роди идејата полека полека. Во сиот овој период јас истражував секогаш нешто ново да се внеси, поинаку затоа што она што е интересно и ново секогаш повеќе привлекува внимание “ , вели Наумоска.
Занаетите во минатото биле типично машки професии, биле ценети и од нив добро се заработувало. Денес голем дел се во изумирање, затоа е потребна поголема поддршка, субвенции, ослободување од даноци и слично, за мотивирање на младите да се насочат кон занаетчиство.
Новинар Соња Рилковска