Skip to main content

Реакција

Крлеска Деспотоска: Јавно ги демантирам изнесените лаги од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ и Китески

За вашата наводна кривична пријава, соодветно ќе возвратам со кривична пријава за лажно пријавување кон вас како подносители на пријавата, порачува Крлеска Деспотоска.
 |  инфодеск  | 
Прес Сдсм

Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, преку соопштение ги дематира наводите изнесени на прес конференцијата потпретседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, Александар Китески.

„Лесно е да застанеш пред Јавното обвинителство и да расфрлиш од ракав некакви си изреки, па да мислиш дека зад тебе имаш маса народ која ти верува. Немаш маса народ Китески, туку ги имаш на тебе сличните кои се задоволни кога некоја личност директно се линчува, бидејќи тоа е карактерна особина на ДПМНЕ. Наместо да ги трошите парите на мене и на СДСМ, потрошете ги на народот кој чека нешто да направите откако сте дојдени на власт.“ – се вели во реакцијата од Претседателката на ОО на СДСМ Охрид.

Крлеска Деспотоска им порачува на ВМРО ДПМНЕ со постапката против неа да одат до крај за, како што вели, на крај конечно да излезат на виделина вашите лаги и невистини.

Во меѓувреме, за вашата наводна кривична пријава, соодветно ќе возвратам со кривична пријава за лажно пријавување кон вас како подносители на пријавата, додава Крлеска Деспотоска.