Skip to main content

Општина Струга

Mониторинг мисијата на УНЕСКО на работна средба со струшкиот Градоначалник Рамиз Мерко

На средбата се разговараше за моменталната состојба со крајбрежјето и предизвиците со кои се соочува општина Струга, информираа од Општината.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Рамис Мерко вчера се сретна со реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“.

„На средбата се разговараше за моменталната состојба со крајбрежјето и предизвиците со кои се соочува општина Струга, како и кои се најсоодветни чекори за во иднина со цел заштита на крајбрежјето и подобра урбана организација. Целта на средбата беше проценка на моменталната состојба на заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и споделување на насоки за идните активности за соодветна заштита.“ – информираа од Општина Струга.