Во тешка сообраќајна несреќа утрово во Кичево згаснаа три млади животи
Три млади лица, едно од Кичево и две од кичевското село Трапчин Дол го загубија животот утрово во страотна сообраќајна несреќа, што се случи на улицата Магистрален пат во Кичево. Уште четири други, од кои едно малолетно лице се тешко повредени и хоспитализирани, дел на скопските клиники, дел во специјалната болница Свети Еразмо Охрид.
Сообраќајката се случи во 04 50 ч. Утрово. Според првичните информации дошло до директен судир мегу две патнички возила „голф ” и „пежо”. Неофицијално, едно од возилата од непознати причини се движело во спротивната насока.
„За жал три лица ги загубија своите животи, две лица се од кичевското село Трапчин дол, додека едно од лице е од Кичево. Четири други лица се здобија со тешки телесни повреди. Дел од нив се префрлени во болницата Мајка Тереза во Скопје, а дел во болницата Свети Еразмо Охрид. , изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
Сите хоспитализирани се млади лица на возраст од 19 до 21 година, а еден е малолетник. Тројца се од Кичево, а едно лице од селото Подвиг. Оние кои се лекуваат во специјалната болница Свети Еразмо во Охрид се на интензивна нега, но надвор од животна опасност.
Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата., а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција.
Новинар Соња Рилковска