Од денеска пензионерите ќе добиваат пензија зголемена за 5,3%
Започна исплатата на мартовските пензии. На сметките на пензионерите легнаа и дополнителни 5,3 проценти усогласување со движењето на животните трошоци и просечната плата. Тоа значи дека пензиите се зголемени за износ од 664 до 4.029 денари, зависно од висината на примањата.
Најбројни се пензионерите кои се корисници на најниските законски пензии, од 12.528 до 16.058 денари кои ќе добијат покачување најмногу до 851 денар. Пензиите од 20.175 денари добиваат 1.069 денари, од 31.859 се со плус 1.688 денари, додека 2.893 денари покачување ќе добијат пензионерите со примања од 54.588 денари.
Највисок износ од мартовското усогласување ќе добијат пензионерите со пензија од 76000 денари, ним им следуваат плус по 4.029 денари.
Откако е почната примената на методологијата на прилагодување кон промените воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување., пензиите се зголемеувале за 2,9% и за за 6,8%, во 2022, а во 2023 за 8,4% и годинава за 5,3%.