Општина Охрид
Се поставува нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец
Со овој зафат значително се подобруваат условите во овај објект и притоа се намалуваат трошоците поврзани со греење.

Деновиве започна поставувањето на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.
Со овој зафат значително се подобруваат условите во овај објект и притоа се намалуваат трошоците поврзани со греење.

-Дадовме ветување за посветен однос во подобрувањето на условите во сите воспитно – образовни институции и тоа го реализираме, напиша градоначалникот Пецаков во објава на Фејсбук.
Финансиските средства предвидени за овој зафат изнесуваат 1 564 984 денари, а се обезбедени од буџетот на општина Охрид.




