Се чисти трасата и се крпат дупки во рамки на рехабилитацијата на патот Охрид – Св Наум
Во тек се зафати за рехабилитација и поправка на државниот пат Р1301, делница Охрид-Свети Наум.
Делницата Охрид-Свети Наум со децении не беше рехабилитирана иако е еден важен крак од аспект на туризмот, но и крак кој не поврзува со соседна Република Албанија. Препознавајќи ја важноста на оваа делница ЈПДП издвои средства и презеде активности за поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24.3 км, – велат од јавното претпријатие за државни патишта.
Изведувачот на работите „Илинден“- Струга заедно со надзорот Институт за патишта Велес веќе работат и изведуваат градежни активности, ја чистат трасата, прават крпење и асфалтирање на дупки, подготвуваат асфалтирање на одреднеи секции на трасата, информираат од ЈПДП.
Вредноста на оваа инвестиција е 707,390,772,00 денари, средства обезбедени од буџетот на ЈПДП.
Почнувајќи од 24 октомври сообраќајот се регулира со содветна сообраќајна сигнализација и истиот се одвива непречено. Рокот предвиден за изведување на градежните работи е март 2025 -та. Овој патен правец е изграден пред педесетина години и врз него досега не се извршени поголеми реконструктивни зафати.