СВР Охрид
Санкционирани 20 пешаци за неправилно преминување улица
Засилени контроли на подрачје на СВР Охрид.

На 03.04.2024 од 10 до 16 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 20 пешаци кои надвор од обележани пешачки премини или минувалиште, извршиле небезбедно преминување на коловозни ленти (Охрид-02, Струга-08, Кичево-07, Дебар-03).




