Претставата “ЛАВИРИНТОТ” утре повторно на репертоарот на Народен театар Охрид
Претставата за која препорачана возраст е +16 години ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а билетите се продаваат по цена од 200 денари.
На репертоарот оваа недела претставата “ЛАВИРИНТОТ” од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески, во петок 05.04.2024 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 200 денари.
Играат: Ивица Цонев и Марко Богдановски.
Композитор: Алмир Бајрамоски.
Инспициент: Филип Ангеличин – Жура.
НАПОМЕНА: Во претставата се користат пиротехнички средства!