Skip to main content

Народен театар Охрид

Хит комедијата „Секс, лаги и љубомора” повторно на репертоар во четврток

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
 |  инфодеск  | 
Претстава

На барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора” од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот на 11-ти (четврток) април 2024 година, со почеток во 20.00 часот.
Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.
Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
Напомена: Билетите се пуштени во продажба на билетара по цена од 250 денари., резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип ПРВ ДОЈДЕН-ПРВ УСЛУЖЕН (една личност може да купи најмногу 6 карти).