Депресијата е болест од која страда и телото и душата
Станува збор за писхо-соматска болест која е многу повеќе од лошо расположение.
Фрапантни бројки. Секој десетти жител на планетава подложен на депресија или 5-10% од светската популација. Жените се поподложни на оваа болест. Се очекува дека до 2015 година оваа болест ќе биде веднаш после кардиоваскуларните заболувања по раширеност. Оваа болест е раширена во денешно време и ги опфаќа сите возрасти.
„Старосната граница последниве години е доста пониска“, истакнува Д-р Едип Шеји. Тој додава дека сега, буквално секој може да заболи.
Депресијата тешко се препознава и многу тешко се лекува. За различни видови депресија се потребни различни видови лекување. Тоа може да вклучува работи како што се физичко вежбање за спречување и лекување депресија во блага форма, до психолошко лекување и лекување со лекарства за посериозни видови депресија. Пациентот кој страда од од депресија е апатичен, тажен, безволен. Нејзината клиничка слика е шаренолика, па отука произлагува и тежината на нејзиниот третман. Успехот на нејзиниото третирање во голема мерка зависи од брзината со која таа ќе се открие.
Ако навреме се детектира 60-80% од случаите успешно за вршуваат, додека само 15% од нив завршуваат фатално. Доктор Шеји потенцира дека
„Докторите кои водат сметка за останатите соматски болести, како малигните и кардиоваскуларните заболувања, мора да внимаваат и на психолошкиот момент, бидејќи деперсијата е често нивен придружник.“
Тој додава дека во последно време се крева стигмата која ја има кај нас посетата на психијатар и се поголем број на млади лица се подготвени да побараат соодветна помош.
{loadposition content9}