Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањето на Неделата на солидарност од 15-21 април 2024 год., под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“ со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, која ќе биде наменета за најранливите категории на граѓани од Охрид и Дебарца
Од Црвен крст апелираат и ги повикуваат граѓаните, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:
донирање на материјални добра-прехрамбени производи и средства за хигиена во просториите на Црвен крст Охрид ул. Димитар Влахов бр.52
донирање на парични средства (100 ден) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400 на жиро сметката на Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност“
со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарности на Црвен крст на РСМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620
cо електронска уплата на средства на интернет страната на Црвениот крст
Од донираните парични средства и собраните намирници ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени поризводи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.
Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна, порачуваат од Црвен Крст Охрид.