Советoт ја усвои информацијата за Физибилити студијата за развој на касарна Охрид
Пред градските советници денеска , на 40тата седница на Совет беше презентирана Физибилити студијата за развој на касарна Охрид во технолошко-рекреативна зона. Советниците беа запознати со визијата за развој на просторот преку изградба на модерна инфраструктура со содржини кои ќе допринесат за технолошкиот развој ,привлекување инвеститори, отворање нови работни места и зголемување на туристичката понуда.
Нови модерни објекти кои ќе бидат седиште на повеќе технолошки компании во зоната на самиот влез во касарната, реконструикција и модернизирање на постоечките објекти или т.н. згради пепрутки и поранешната армиска менза, оплеменување на просторот со уредување на постојното зеленило и со дополнителни хортикултурни и парковски содржини, простор за рекреација со содржини кои ќе бидат интересни и за локалното населние, туристите и посетителите кои би дошле строго наменски само за таа зона, предвидува студијата за развој на касарната, кажа при презентацијата, тим лидерот на изработувачите на студијата, Методија Саздов.
Советниците ја усвоија Информацијата за Физибилити студијата за развој на касарна Охрид за која веќе се одржа јавна презентација и расправа во декември минатата година, со што следни чекори се изгласување на финалната верзија на студијата и донесување ДУП за просторот.
На денешната седница без расправа поминаа сите точки од дневниот ред. Меѓу другото изгласани беа одлуките за поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на општина Охрид за периодот 2024 – 2027 година, за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на закупнина за 2024 година , за поставување урбана опрема – рекламни паноа – билборди и информативни табли на канделабри на подрачјето на општина Охрид за периодот 2024 – 2029 година.
Советниците го усвоија и Елаборатот за проценка на штети од град во општина Охрид од невремето на 24-ти јуни минатата година.