ОИК Дебрца известува за промена на локации на гласачки места
Општинската изборна комисија Дебрца информира за промена на локациите на седум избирачки места.

Општинската изборна комисија Дебрца известува за промена на гласачки места во пресрет на гласањето за избор на Претседател на Република Северна Македонија на ден 24.04.2024 година и избор на Пратеници во Собрание на Република Северна Македонија кое ќе се одржи на ден 08.05.2024 година.
Локациите на Избирачките места: 1327-Сошани и Избирачко Место-1326-Оздолени се променети и гласањето за двете избирачки места ќе се спроведе во Задружниот дом во с.Оздолени.
За Избирачките места :1328 – Сливово, 1329 – Арбиново, 1330 – Мраморец, 1331 – Турје и 1334 – Лактиње, гласањето ќе се спроведе во Црковната трпезарија во Село Лактиње.




