Наместо увоз на работна сила потребна е стратегија за задржување на домашните работници
Според научната фела , увозот на работници во туристичкиот сектор нема долгороќно да го реши проблемот со недостигот на кадар кој е најевидентен во туристичкиот сектор. Државата треба да осмисли стратегија за мотивирање и задржување на младите во земјава.
Туристичките работници велат немаат можност да понудат подобри услови од Хрватска, каде заминуваат најголемиот дел од младите. Условите за работа и платите во земјава се далеку пониски во однос на странство каде стандардот е далеку повисок. Државата и туристичкиот сектор треба заеднички да изнајдат начин за задржување на домашната работна сила.
„Можам да кажам дека ние имаме грешка во нашата стратегија тоа е долгорочен процес не направивме стратегија за работната сила и за младите ги оставивме им дозволивме да заминат ќе има нарушување во секој поглед, меѓутоа јас би апелирал и би сакал моја искрена желба е да ги задржиме нашите млади луѓе кои се едуцираат да останат овде да работат но и да ги вратиме оние кои ни заминаа. Сведоци сме дека се увезува работна сила од змеји кои се невообичаени за нас Непал Флипини. За оваа сезона се очекува конкретно да имаме работна сила од 700 до 800 увезени работници кои ќе ги надополнат недостигот на работни места во туристичкиот сектор. Тоа во Охрид е најголемата побарувачка за работна сила. Времето на крајот ќе биде најдобриот показател дали сме направиле добро или сме погрешиле”, вели Челик Асим туристички работник од Охрид.
Увезените работници прифаќаат да работат за понудените услови платите им се движат од 350 до 500 евра зависоно од позицијата но дали тие ќе останат во земјава не се знае. На самиот страт на сезоната не може ниту да се оцени колку туристичката индустрија ќе е задоволна од увезениот кадар.
„ Колку што имам информации мислам дека нивните примања месечни ќе бидат приближно како и за локалните работници ако не и пониски. меѓутоа би кажал идентични затоа и сметам дека луѓето кои доаѓаат кај нас тука да работат имаат многу пониски примања во нивните матични држави. Па се одлучуваат да дојдат тука меѓутоа би напоменал дека сите оние кои што ќе додјат кај нас не знам дали ќе останат до крај сведоци сме дека некои користат можност како отскочна даска за да заминат во Западниевропските земји”, додава Асим.
За да се намали одливот на работна сила хотелско угостителските работници треба да го одврзат ќесето, да понудат поголеми плати и бенефиции за задржување на домашниот квалификуван кадар, а државата да даде поддршка субвенции и ослободување од даноци за домашните вработени во секторот.
Новинар Соња Рилковска