Таравари во Струга вети дека ќе се залага за намалување на иселувањето преку зголемување на минималната плата
Струга Вреди, Струга е љубов, Струга е патриотизам, рече кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди”, Арбен Таравари во своето обраќање на централниот митинг пред стружани. Тој вети дека ќе се залага за намалување на иселувањето, а тоа ќе го направи преку зголемување на минималната плата. Рече, во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите да останат и да придонесат за развојот на државата.
„ Иселувањето кај нас е над секоја нормала, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Затоа како следна влада на ВРЕДИ ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите, со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град. Со конкретни проекти ќе ги мотивираме граѓаните да има поголема излезност”., рече Арбен Таравар на централниот митинг во Струга.
Носителот на листата на 5 ИЕ Салим Сулејмани рече коалицијата Вреди е иднината на албанците, а нашите проекти се сериозни и ќе придонесат за поквалитетен живот на граѓаните.
„ Како да ви кажам нашите проекти се многу сериозни ќе работиме за иднината, ќе работиме за убавото, за најдоброто и мсилам дека времето е за промени”, рече Салим Сулејмани носител на 5 И.Е. од коалицијата Вреди.
Таравари повика на фер и демократски избори. Рече, бројот 6 е број на Промената која ВРЕДИ. Затоа што секој глас е важен, го повикуваме секој граѓанин да излезе на денот на изборите, за да ја гарантираме победата на промените”,рече Таравари.
Новинар Соња Рилковска