Парламентарни избори 2024
Граѓанска промоција во Охрид на носителите на листа и кандидатите за пратеници во ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина
Промоцијата ќе се одржи во хотел „Десарет“ во почеток во 19:30 часот.

СДСМ и Коалицијата за европска иднина, денеска во Охрид ќе одржи граѓанска промоција на носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници во ИЕ 5 и ќе ја презентира програмата за парламентарните избори.

На промоцијата која ќе се одржи во хотел „Десарет“ во почеток во 19:30 часот ќе присуствуваат претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, носителот на 5 изборна единица Јован Митрески и ко-носителката Бисера Костадиновска- Стојчевска, како и кандидати од Охрид за пратеници Жаклина Лазаревска, Леонора Новеска, Софија Ристеска и Јован Крлев.




