НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре, 23 април, од 12 часот на свечен начин ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право.
На настанот ќе бидат прогласени најчитателите во категориите возрасни и деца, највозрасниот и најмладиот читател и најчитаните книги во 2023 година во Библиотеката.
На донаторите на книги ќе им бидат врачени благодарници.
Ќе биде прогласен најдобриот Млад библиотекар кој ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Куманово.
Ќе бидат симболично наградени и авторките Даниела Илијоска и Маја Мојсова добитнички на првата и втора награда од настанот НАПИШИ СТИХ – КУПИ КАФЕ 2024 а на оваа средба во вторник се очекува да се појави и авторот под шифра: ВИКОСТА како добитник на третата награда.
Почитувачи на книгата сите сте добредојдени заедно да го прославиме Денот на книгата!- порачуваат од охридската градска библиотека.