Skip to main content

Заживува филигранството во Охрид

Стариот традиционален занает денес го продолжуваат повеќе млади филигранисти во Охрид. Охридските мајстори на стариот занает, и мажи и жени, ги унапредуваат своите знаења и вештини и достојно ја раскажуваат приказната пред бројните посетители.
 |  инфодеск  | 

Стариот традиционален занает денес го продолжуваат повеќе млади филигранисти во Охрид. Охридските мајстори на стариот занает, и мажи и жени, ги унапредуваат своите знаења и вештини и достојно ја раскажуваат приказната пред бројните посетители.

Ателјето на семејството Шикалески во срцето на Охрид успешно постои цела една деценија. Немаат семејна кујунџиска традиција, но имаат чувство за префинетост и љубов кон занаетот кој воедно е врвна уметност. Филигранисти се двајцата сопружници, но знаењето го пренесуваат и на своите деца. Тие филигранот го комбинираат со автентични камења, и охридскиот бисер, но и македонскиот рубин.


,,Овој занает го работам повеќе од десет години најпрвин започнав односно дарбата и атлентот мис е од мојата покојна мајка. Започнав со свилени конци заподоцна главен виновник беше мојот сопруг кој ме поттикна да изучам изработката на среброто и занаетот. Во нашето ателје се работи целосен процес на филигран од влечење жици до изработка на смаиот производ. Имаме широка палета на производи а во поново време е она што е најдраго во нашата земја е тоа е рубинот од Македонија кој што е вметнат во накитот а дава уште поголема вредност на овој накит“ , вели Павлина Шикалеска филигранист.

Интересно е што странците повеќе знаат за македонските занаети и за скапоцените камења. Посетителите имаат можност во работилницата сами да го изработат својот накит.


,,Таа пракса ја имаме веќе неколку години наназад. Тоа претставува Filigree experience, односно нашиот купувач може да избере парче накит по желба може и да го нацртаме и заедно го изработуваме. Сме имале интересни случаи доаѓа купувач, кој сака да ја запроси својата сакана па сам го изработува вереничкиот прстен. Сме имале млади луѓе не само туристи кои го псоетуваат Охрид туку и наши од змејава кои сакаат да го научат овој занает. Охрид е туристички центар се разбира дека на лето се поприсутни странците меѓутоа и преку цела година ние работиме и со домашни купувачи кои се повеќе ја ценат рачната изработка. Го зачувуваме тоа традиционалното во нашето ателје има традиуцуионални израбтоки но изработуваме и модерен накит. Има парчиња во кои нема филигран сепак ја зачувуваме традицијата и верно ја претставуваме“ додава Шикалеска.

Радува тоа што стариот добар занает по кој надалеку бил познат овој крај во поново време заживеа. Приказната за прекрасниот накит од сребро денес ја раскажуваат повеќе млади луѓе, кои со голема љубов го научија занаетот, а на неа се воодушевува светот.