Skip to main content

Не се почитува законот за благосостојба на животните

Охриѓани се повеќе во друштво на домашните миленици. Се грижат за запазување на редовните посети на ветеринар, но не го почитуваат Законот за благосостојба на животните.

 |  Билјана Николовска  | 
kuce
куче

kuce na veterinarКучињата и мачките, се поголеми пријатели на човекот. Последниве години охриѓани се повеќе посветуваат внимание на домашните миленици. Се повеќе расте интересот за чување, а како основна причина се наведува нивното позитивно влијание од психолошки аспект, сметаат докторите по ветеринарна медицина.
Кучето има многу потреби на кои треба да одговори неговиот стопан. Редовното вакцинирање на 45 дневна возраст, и примање на таблети за прочистување од внатрешните паразити се само дел од задолжителните обврски, вели Тони Танкоски, доктор по ветеринарна медицина.
Тој додава дека милениците во денешно време се третираат како дел од семејството.
Народната поговорка „Како ќе си постелиш така ќе си легниш“, важи и за домашните миленици,потенцира Танкоски. Тој вели дека добриот однос кон животните, нивното чување и нега се непишани правила кон кои сопствениците мора да се придржуваат, за да не се случи примерот на напад на куче кон сопственикот па и кон околината.
Танкоски кажа дека и законот за благосостојба на животни мора да се почитува.
За жал кај нас, барем во Охрид, почитувањето на законот за животни не е пракса. Ретко се среќеваат миленици со заштитна маска која се носи за стекнување доверба кон нив од страна на луѓето. Не e редок случај милениците слободно да се шетаат без синџир, посебно покрај езерото и останатите познати пешачки патеки во градов, велат граѓаните.
Инспекторот по ветеринарна медицина од Охрид Проки Поп Стефанија го потенцира законот за благосостојба на животните, во кој стои дека сите кучиња задолжително треба да носат заштитна маска, со исклучок на оние кои се користат за лов. Поп Стефанија рече дека за случаи на каснување од куче дознаваат од инфективно. Граѓаните не се обраќаат прво кај нив иако оваа проблематика е во нивна надлежност. Тоа е доказ повеќе дека нивното присуство на терен е слабо и дека крајно e време повеќе да се заинтересираат пред да се случи некој немил настан.



{loadposition content9}