Саемот за образование и кариера, во организација на Младински Центар Охрид ќе се одржи овој четврток, 25 април 2024 година, во Касарна Охрид.
Саемот ќе започне од 12:00 часот и истиот официјално ќе биде отворен од Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
На овој Саем ќе присуствуваат и ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење 5 средни училишта и 11 високообразовни институции. Дополнително предвидено е да има кариерно советување од страна на лиценцирани кариерни советници.
Настанот е насочен кон идните средношколци и студенти и нуди платформа за претставување на образовни можности и кариерни патеки. Целта е да обезбедиме информации и можности за студирање на полуматурантите и матурантите од Општина Охрид.