УЈП
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април
Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.
| инфодеск | Македонија
Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година.
Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.