Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024 година, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Копер, Словенија.
На првенството учествуваа над 1.000 натпреварувачи од 34 земји, а боите на Република Македонија ги бранеа шест натпреварувачи.
– Во преголема конкуренција доминираа големите репрезентации, но и пристрасноста на судиите во нивна корист. Ова беше најтешкото Европско првенство на кое имаме учествувано, каде од старт бевме оштетени од ждрепките, без право на приговор и корекција. Давид Крстески, кој е еден од нашите најдобри натпреварувачи, ја оправда нашата доверба и докажа дека е врвен спортист, освојувајќи го бронзениот медал во спаринг борби, јуниори 16-17 години, до 63 кг. Во борбата за медал, тој доминантно ги победи претставниците на Англија и Бугарија, со што се пласира во полуфинале, каде се бореше со вториот претставник на Бугарија. Водеше во текот на целата борба, но на 10 секунди од крајот судиите направија пресврт и му ја одзедоа шансата за сребрен или златен медал на нашиот претставник. Давид Крстески беше пофален од сите што ги гледаа неговите борби и многу од нив кажаа дека во него гледаат иден светски шампион, поради неговата смиренсот, дисциплина и техника, изјави селекторот Марјанчо Лазаревски.
Христијана Парулеска, нашата минатогодишна Европска шампионка ги победи претставничките на БиХ и Англија, додека во четвртфинале со претставничката од Германија ја загуби борбата.
– Елена Јанеска исто како минатата година за жал не успеа да ги победи судиите, што ова и трет последователен натпревар од ваков калибар да губи од страна на судиите. Владимир Димитриевиќ покрај прекрасната прва борба , во втората борба беше приморан да го заврши натпреварувањето поради повреда по инсистирање на докторската екипа, Марио Крстески имаше извонредна прва рунда против поранешен Евроспки Шампион, но изгуби поради недоволно искуство, додека Софија Колушоска беше совладана од тремата. Како мала репрезентација сум сепак презадоволен од настапот на нашите репрезентатвици, ова Петто последователно Европско првенство на М.Т.Т.Ф. каде континуирано се враќаме со медал, што не прави една од поуспешните федерации, потенцира Лазаревски.