На 24.04.2024 година во 12.15 часот, во СВР Охрид приведено е 48 годишно лице од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.