Skip to main content

Традиционално за Првомајските и Велигденските празници, Охрид преполн со туристи

Охрид се полни со туристи. Туристичките работници ги тријат рацете, за Првомајските и Велигденските празници главниот туристички центар ќе биде преполн со туристи. Каква е понудата за туристите.
 |  инфодеск  | 
Туристи

Традиционално  за Првомајските и Велигденските празници, главниот туристички центар ќе биде преполн со туристи.  Најбројни ќе бидат  домашните гости , но и голем број групи   од соседните и од подалечните  земји. Експертите велат Охрид има богата стандардизирана понуда, а изминативе години активно се работи на збогатување на истата.  Подобрени се услови во сместувачките и угостителските капаците, а се нудат и алтернативни форми на туризам.

Иако се бележи зголемување на цените,  сепак туристичките работници велат Охрид и натаму е најевтина дестинација во регионот.

„Мислам дека понудата еволуира како и туристите што еволуираат би рекол дека има една стандардизирана форма на понуда која што се збогатувга. Не може Охрид радикално да ја промени својата понуда бидејки она што го имаме сепак се светкси вредности, но добро е дека ја прошируваме. Генерално бројот на туристи укажува дека сме на добар пат и секогаш има простор за подобрување”, вели професорпот Сашо Коруноски.

Охрид со својата уникатност привлекува туристи со приказните исплетени од  богатото културно, историско и природно богатство.  Странците се воодушевени,  особено од древните црковни  храмови , кои деновиве се преполни со верници и празнични богослужби.

 „Ние сме од Белгија  тука сме од понеделникот многу е убаво овде.“ – вели турист од Белгија.

„Се ни се допаѓа, храната има многу убави патеки за пешачење, црквите кои ги посетивме атмосферата. Прекрасна земја, прекрасен град”-вели турист од Хрватска.

„Навистина го сакам вашиот град многу е убав, езерото е преубаво, тивко е луѓето се мнпгу љубезни и храната е преубава. Дефинитивно повторно ке дојдам овде бидејки е прекрасно.“ – вели турист од Турција.

Голем дел од жителите на Охрид, кога градот е преполн со туристи, патуваат на други туристички дестинации, ги користат празниците и слободното време за одмор и тиуристички патувања во земјава и странство.