Skip to main content

Во Калабрија евакуирани илјадици луѓе поради невремето

Во Калабрија на југот на Италија повеќе илјади луѓе се евакуирани поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи.

 |  Маја Савиќ  | 
Kalabrija
калабрија

KalabrijaВо Калабрија на југот на Италија повеќе илјади луѓе се евакуирани поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи.

Локалните медиуми пренесуваат дека се евакуирани околу 2.300 жители од селото Мајерато поради лизгање на земјиштето на оближната планина.

Припадниците на службата за вонредни интервенции и пожарникари работат без престан за да ја осигураат безбедноста на граѓаните и бараат прогласување на елементарна катастрофа во областа.

Околу 300 луѓе се згрижени во импровизовани засолништа. Пред два дена, половина од жителите на селото Сан Фратело, на Сицилија, се евакуирани кога слично лизгање на земјиштето загрозило десетина куќи.





{loadposition content}