СВР Охрид
Црногорец приведен во угостителски објект во Охрид
Кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, информираат од СВР Охрид.
Денеска (02.05.2024) во 02.45 часот, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20 годишно лице од Република Црна Гора затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.


