Skip to main content

Радожда полна со гости за празниците, угостителите очекуваат плодна туристичка сезона

Радожда посетена од голем број гости за празничниот период. Угостителите се подготвени, се очекува плодна туристичка сезона.
 |  инфодеск  | 

На само десетина  километри од Струга веднаш до албанската граница се наоѓа езерската убавица  –   Радожда. Сместено во падините на Јабланица, белите каскадно наредени куќички   се огледуваат  во Охридското езеро.

Позната по чудесните изгрејсонца, велат тука магично   се чувствува раѓањето на денот   токму затоа го носи името Радожда. Во минатото  земјоделско- рибарско,  а денес туристичко село. Во рестораните   најзастапени се  рибните специјалитети, кои   се подготвуваат на традиционален начин. За Првомајските празници и деновиве имаат голем број посетители,  а  очекуваат  плодна туристичка сезона.

radozda

„Најбројните туристи ни се претежно Скопје, Битола, Охрид од цела Македнија, но имаме и странски гости од Германија, Холнадија. Понудата ни е претежно со рибче имаме специјалитети, јагула во тава, тресена пастрмка, белвица, крап. Во селото имаме судум ресторани од кои активни се околу 6 моментално работат сите претежно како фамилијарен бизнис така функционираме тука” , вели Јордан Мангоски угостител.

Селото со варошки лик сличен на медитеранските гратчиња  е старо десетина векови. Радожда  е место кое плени со  езерска хармонија, остава без здив  го враќа спокојот и мирот. Најчести посетители се жителите од регионот, но има и туристи од далечните земји.

„Убаво е за живеење ама нема пари слабо со пари. Порано помалку се земаше но повредна беше парата. Рибарско и печалбарско место беше тошашно време тоа беше. Денес и од туризам се живее имам осум кафани и секој со среќата своја. Има од Скопје, од Битола од Макеоднија наша а идат и од странство” , Цара Кутаноска жителка на село Радожда.

„ Јас имам две куќи тука, една од жена ми една од синот. Да видиш на лето полно е има туристи колку сакаш.“ – вели  жител на Радожда.

Радожда се смета за еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското езеро, во селото  денас има седум цркви и околу  700  жители.  

Новинар Соња Рилковска